Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго свежи, од нив можете да направите вкусен чизкјек кој ќе го послужите како десерт.

За да го подготвите овој чизкејк нема да имате потреба да матите тесто или да го печете.
Ќе треба да подготвите само два фила и кора од бисквити.
Потребни состојки:
За основата:
- 250g бисквити (искршени);
- 100g путер (стопен).
За филот:
- 400ml кондензирано млеко;
- 300g крем сирење;
- 200ml слатка павлака;
- Кора од еден лимон.
За прелив:
- 450g јагоди (исчистени и исечени на половина);
- 50g шеќер;
- 1 голема лажица вода (студена).
Начин на подготовка:
- За подготовка на преливот, 200g јагоди се ставаат во мало тенџере со шеќерот и 1 лажица студена вода;
- Јагодите се оставаат да се варат околу 5 минути на тивок оган со постојано мешање, додека да омекнат;
- Јагодите се тргаат од оган и се додава остатокот од неварени јагоди и се промешуваат, па се остава преливот да се олади;
- За основата, во длабок сад се ставаат издробените бисквити и се мешаат со стопен путер, па се ставаат во обложен калап за торта и од нив се формира кора;
- Готовата кора се остава да се олади 20 до 30 минути во ладилник, додека да се стврдне;
- Пред да се олади кората, со миксер се матат кондензираното млеко, крем сирењето и слатката павлака, додека да се добие смеса;
- Се додава кората од лимон и се мати уште неколку минути;
- Готовиот фил се распоредува врз основата од бисквити и се прелева со преливот од јагоди;
- Тортата се остава во ладилник да отстои најмалку 3 часа или преку ноќ.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив
Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...