Рецепт за најубавите домашни принцес крофни

Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш, долго време нема да сакате да правите друг десерт.

recept-za-najubavite-domashni-princes-krofni-01.jpg

Некои вкусови си стануваат омилени уште со првиот залак.

Токму такви се и принцес крофните, чиј фил е толку мек и кремаст, што ќе обожавате да ги јадете, а нема да ви е мака ни да ги подготвите, бидејќи се спремаат „за час“. 

Потребни состојки:

  • 1 кесичка готово тесто за принцес крофни (има околу 20 парчиња)
  • 600ml млеко
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 5-6 лажици шеќер
  • 2 жолчки
  • 1,5 лажица густин
  • 150g маргарин
  • 100g путер
  • 3 лажици шеќер во прав

Начин на подготовка:

  • Во длабоко тенџере се става млекото да зоврие.
  • Потоа тенџерето со млеко се става над друг сад со вода што врие, за кремот да се готви над пареа.
  • Во млекото што врие се додаваат 2 пудинга од ванила претходно растворени со малку млеко. 
  • Во пудингот се ставаат 2 жолчки, 5 лажици шеќер, ванилата и густинот.
  • Сето ова се меша со жица без престан за кремот да згусне. Ако не ви е доволно благ, додајте уште 1 лажица шеќер. 
  • Кога ќе биде кремот готов се трга на страна за да се олади. 
  • Во меѓувреме, во друг сад се матат путерот, маргаринот, шеќерот во прав.
  • Во оваа смеса се става лажица по лажица од изладениот жолт крем и се мати со миксер за да се добие мазна смеса.
  • Тестата за принцес крофни се сечат на половина, па се полнат со готовата смеса.
  • Украсете ги со шеќер во прав или чоколаден прелив пред да ги послужите. 

recept-za-najubavite-domashni-princes-krofni-02.jpg

recept-za-najubavite-domashni-princes-krofni-05.jpg

recept-za-najubavite-domashni-princes-krofni-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава