5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез

Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез ако сакате малку побогат вкус... Дали сте ги пробале?

Untitled-3.jpg

Обожавате да јадете мајонез - и кога е намачкан на леб, и како сос за пржени компирчиња, во салати, во бургери, со чипс, со сè. 

Доколку сакате малку да промените, а сепак да имате вкусен додаток во јадењата, прочитајте ги рецептите за овие 6 здрави сосови и можеби понекогаш ќе го замените мајонезот со некој од нив.

Кои сосови се одлична домашна алтернатива за мајонезот?

Сос од павлака

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон (или јаболков оцет)
  • 1 лажичка сенф
  • 7 лажици павлака
  • Сол и бибер по вкус

Изматете ги маслото, сокот од лимон, сенфот, солта и биберот, па во смесата додајте ја павлаката. Убаво спојте ги состојките за да нема грутчиња и сосот е готов.

Може да се користи за салати кои се прелеваат со мајонез или во ладни сендвичи.

5-domashni-sosovi-koi-se-odlichna-zamena-za-majonez-02.jpg

Сос од лук и павлака

  • 1 шолја павлака
  • ½ главица лук
  • 5 лажици масло

Излупете го лукот, исечкајте го ситно, па ставете го во блендер заедно со павлаката. Потоа додајте го маслото и повторно мешајте. Доколку сакате можете да додадете бибер или оригано.

Одличен е за зелени салати или со компирчиња, но и за месо.

5-domashni-sosovi-koi-se-odlichna-zamena-za-majonez-05.jpg

Сос од кикирики

  • 4 лажици путер од кикирики
  • 180-200ml вода
  • 4 лажици соја сос
  • 2 лажици масло од сусам
  • 3 лажички јаболков оцет

Во тенџере ставете ја водата да проврие заедно со путерот од кикирики. Додадете го маслото од сусам, а потоа и соја сосот и јаболковиот оцет. Убаво измешајте со лажица за да добиете мазна смеса и послужете го.

Овој сос оди одлично со месо.

5-domashni-sosovi-koi-se-odlichna-zamena-za-majonez-07.jpg

Кари сос

  • 1 чаша павлака
  • 1 лажичка кари
  • 1 кисело јаболко

Јаболкото излупете го и исечкајте го многу ситно. Веднаш измешајте го со павлаката и карито.

Идеален е за со пилешко месо, за помфрит или во комбинација со зеленчук.

5-domashni-sosovi-koi-se-odlichna-zamena-za-majonez-06.jpg

Сос од краставици и сирење

  • 2 краставици
  • 6 лажици павлака
  • 200g крем сирење
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажички копар

Изрендајте ја краставицата и исцедете го сокот. Додајте ја павлаката, крем-сирењето и лукот исечкан на ситни парченца, па копарот. Измешајте сè убаво во мазна смеса, па послужете го.

Совршен е за салати, со похувани тиквички или модар патлиџан, со чипс...

5-domashni-sosovi-koi-se-odlichna-zamena-za-majonez-03.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за најубавата пролетна крем салата – ќе се вљубите од прво залче Кремаста и свежа истовремено, се прави со краставици и моркови излупени на ленти...

Најчитани неделава