Рецепт за „медени младенчиња“ - посни колачиња за Младенци
За Младенци, кои се слават на 22 март, се месат 40 колачиња од брашно, кои се премачкани со мед и со нив се послужуваат гостите во домот, за бракот на младенците да биде сладок и долговечен.

Во некои градови во Македонија останала традицијата на празникот Младенци да се замесат 40 посни колачиња, кои се служат на гостите.
Со оглед на тоа што празникот се паѓа за време на Велигденскиот пост, традиционално се подготвуваат посни колачиња, кои се прелиени со мед.
Како да ги подготвите?
Потребни состојки:
- 500g брашно;
- 25g свеж квасец;
- 1 лажица шеќер;
- 2 лажици масло (и дополнително за премачкување);
- Прстофат сол;
- Мед за премачкување;
- 200 ml млака вода.
Начин на подготовка:
- Се става малку (околу 50ml) млака вода во длабок сад и во него се меша квасецот и шеќерот и се остава да отстои 10-тина минути;
- Кога ќе нарасне квасецот, постепено се додава маслото, остатокот од млаката вода и постепено се додава брашно, додека не се замеси меко тесто;
- Тестото се остава да отстои половина час;
- Кога ќе нарасне се развлекува со сукало, па со чаша се вадат кругови од тесто, како крофни и се редат на претходно премачкан плех;
- Од оваа смеса би требало да добиете 40-тина колачиња, кои треба да ги оставите да нараснат уште половина час;
- Рерната се загрева на температура од 160 степени Целзиусови;
- Колачињата се боцкаат со чепкалка за заби на неколку места, се премачкуваат со малку масло, непосредно пред печењето;
- Се печат во загреана рерна на температура од 160 степени, додека не добијат златно кафена боја;
- Откако ќе се изладат, колачињата се премачкуваат со малку мед;
- По желба можете да ги декорирате со малку суво грозје.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза
„Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Посно медено срце - сочна и здрава верзија на омилениот колач
Ако сте љубител на медено срце, а периодов постите, тоа не значи дека треба да с...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите
Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Рецепт за погача во калап - одличен избор за кога ќе ви се најават гости
Ако барем малку сакате да месите, или пак вашите блиски уживаат во домашно замес...