Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер

Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и ќе ги обожавате, па зошто да не си ги направите сами?

vkusen-desert-churos-zalchinja-so-cimet-i-puter-01.jpg

Еден од најпопуларните шпански десерти можете да го направите сами дома.

Постапката е едноставна и наликува многу на онаа кога правите домашни тулумби.

Како да подготвите вкусни чурос залчиња?

Потребни состојки:

  • 1 шолја вода
  • 40g путер
  • 2 лажици шеќер
  • 1 шолја брашно
  • 1 лажичка цимет + 3 лажици шеќер
  • Масло за пржење

Начин на подготовка:

  • Во тенџере на оган ставете ги водата, путерот и 2 лажици шеќер. Мешајте без престан додека не се растопат.
  • Кога течноста ќе почне да се згуснува, додајте го брашното. Матете со дрвена лажица додека не добиете мазна смеса и на дното на тенџерето не почне да се формира тенок слој (од брашното).
  • Тргнете го тенџерето настрана. Оставете го малку да се излади, па префрлете го во калап за тулумби или ќеса со модла во форма на ѕвезда на дното (која ја користите за ставање шлаг на торти и колачи).
  • Во тавче ставете масло и кога ќе се вжешти, ставете ги чурос залчињата да се пржат. Сечете го тестото со ножица, а големината одредете ја од око (околу 3-4cm).
  • Штом ќе се испржат, исцедете ги од маслото и ставете ги во сад во кој претходно сте ги споиле циметот со трите лажици шеќер.
  • Јадете ги ладни. По желба можете да ги сервирате со крем.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава