Крофни со боровинки и прелив од лимон, се топат во уста
Овие крофни не се пржат, а остануваат меки и неколку дена (но сигурни сме дека ќе ги изедете веднаш)...

Класичните крофни се секогаш наш прв избор. Но, печените крофни со боровинки и лимон, кои се печат, се топат во уста.
Доволно е да ги направите еднаш за да сакате да ги правите често.
Потребни состојки:
- 60g несолен путер, стопен
- 60ml растително масло
- 150g шеќер
- 2 големи јајца
- 2 лажички екстракт од ванила
- 1-2 лажички рендана кора од лимон
- 250ml матеница (или обичното млеко)
- 350g брашно
- 1,5 лажичка прашок за пециво
- ¼ лажичка сода бикарбона
- ½ лажичка сол
- 1 шолја свежи боровинки
Глазура:
- 250g шеќер во прав
- 1-2 лажички кора од лимон (по избор)
- 7-8 лажици свеж сок од лимон (или млеко ако не сакате да доминира вкусот на лимон)
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 220°С, а тавата за печење крофни премачкајте ја со масло или малку путер.
- Во длабока чинија измешајте го стопениот путер, маслото и шеќерот и матете додека смесата не се изедначи (околу 2 минути).
- Додадете ги јајцата, ванилата, кората од лимон и матеницата, па продолжете да матите.
- Кога ќе добиете мазна смеса, додадете ги и брашното, прашокот за пециво, содата бикарбона и солта, па матете да се соединат. Тестото ќе биде густо.
- На крај додајте ги и боровинките.
- Ставете го тестото со лажица во ќеса за шлаг со отвор или во обична ќеса за замрзнувач на која ќе ѝ го пресечете едниот крај и ќе добиете отвор.
- Ставајте од тестото во секоја дупка за крофна, но само до половина, бидејќи крофните ќе нараснат.
- Печете 7-8 минути (или додека не биде сува чепкалката за заби со која проверувате дали се печени).
- Извадете ја тавата од рерната, но крофните нека се ладат во самата тава околу 10 минути пред да ги извадите од калапот (во спротивно може да се сплескаат).
- Направете ја глазурата - во не премногу длабок сад (колку да можете да ги потопите крофните), измешајте шеќер во прав, кора од лимон и 6 лажици сок од лимон или млеко.
- Додадете уште 1-2 лажици течност доколку е потребно.
- Глазурата треба да биде доволно тенка за рамномерно да се распредели на крофните, но доволно густа за да се стегне и да стане сува на допир.
- Кога крофните целосно ќе се изладат, натопете ја едната страна во глазурата, па ставете ги на сувата страна за глазурата да тече и да се разлева по нив.
- Послужете ги со вкусно кафе.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...