Рецепт за здрави, лесни и посни колачиња од таан и урми
Комбинацијата од таан и урми, надополнета со какао во прав, ќе ви даде одличен десерт кој веруваме дека ќе сакате да го правите повторно и повторно.

Таанот е одличен извор на хранливи влакна, витамини и минерали од групата Б, а доколку го комбинирате со вкусните урми, тогаш ќе добиете совршен десерт кој не само што е лесен за приготвување, туку е и многу здрав, а може да го подготвувате и во деновите кога се пости.
Одличен е да го подготвите и во „последен момент“ кога ќе ви се најават гости, зашто за негова подготовка ви се потребни десетина минути.
Потребни состојки:
- 200g урми
- 120g таан
- 20g какао во прав
Начин на подготовка:
- Таанот и една третина од урмите ставете ги во блендер.
- Блендирајте додека не се соедини, додајте уште една третина од урмите и повторно блендирајте. Повторувајте додека не ги ставите сите урми.
- Потоа додајте какао во прав. Повторно блендирајте додека смесата целосно не се соедини.

- Префрлете ја смесата врз лист хартија за печење. Обликувајте правоаголна форма, со рацете.
- Потоа, завиткајте и оставете ги колачињата во фрижидер да постојат најмалку половина час или пак преку ноќ.
- Исечете на 8 парчиња и чувајте ги во фрижидер. Така може да постојат и до 6 дена. Уживајте!

М. Ѓ. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец...
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...