3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen)
Пилиња од урда, милиброд со џем, пилешко со кари во лиснато тесто - интересни и вкусни јадења кои можете да ги ставите на празничната трпеза, по препорака на Давор (Dave's Kitchen).

Нема некој што не сака велигденската трпеза да му биде богата и да изгледа убаво.
Во пресрет на празникот, нашиот готвач Давор Панчевски, познат како Dave’s Kitchen, ни сподели три рецепти кои може да се најдат на вашата трпеза - солен, благ и интересен рецепт за декоративно мезе.

Доколку и понатаму размислувате што да зготвите, овие рецепти можеби ќе ве инспирираат:
Пилиња од урда
Потребни состојки:
- 500g урда
- 200g овчо сирење
- 70g кикирики, исечкани
- 3 кисели краставички, ситно исечкани
- сол и мелен црн пипер по вкус
За декорација:
- Рендан чедар кашкавал
- Маслинки (ситно сечкани)
- Морков (неколку тркалца)
Начин на подготовка:
- Промешајте ги сите состојки заедно додека не добиете хомогена смеса.
- Формирајте топчиња, а потоа секое топче извалкајте го во рендан чедар кашкавал.
- Ставете маслинки како очи и парчиња морков за ноџиња и клун.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон
Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...