Направете сами: Крцкава пита со чоколаден крем и ф’стаци
Чоколадо и ф’стак се навистина совршена комбинација. Затоа, подгответе ја оваа блага пита од готови кори и уживајте во вкусот.

Ако сте гурман кој постојано сака да пробува нови јадења, овој пат ви нудиме рецепт за интересен десерт - пита со чоколаден крем и ф'стаци, која се подготвува многу брзо, а е навистина вкусна.
Потребни состојки:
(Сите состојки се со мерка по желба и вкус)
- Кори за пита или баклава (што е можно потенки)
- Чоколаден крем
- Мелени или толчени ф’стаци
- Чоколадни топчиња
За премачкување на корите:
- Путер (или масло)
- Малку кисела вода
Начин на подготовка:
- Во длабок сад стопете го путерот, па додадете малку кисела вода и спојте ја смесата.
- Првата кора премачкајте ја со добиената смеса, па врз неа ставете ја втората кора.
- Преку целата втора кора ставете слој чоколаден крем. Кремот нека е по ваш вкус (од кој било производител), но теглата ставете ја во жешка вода за да се растопи и да биде течен.
- Врз кремот посипете ф’стаци и чоколадни топчиња, па свиткајте ги корите во вид на ролат.
- Кората одозгора премачкајте ја со смесата од путер и кисела вода, па ставете ја во плех обложен со хартија за печење.
- Повторете ја постапката колку пати сакате зависно количината која сте ја замислиле.
- Печете во загреана рерна на 210 степени додека корите не заруменат и станат крцкави.
- Исечете ја питата на парчиња, а за да биде уште посочна, двата краја на секое парче потопете ги во чоколаден крем.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...