Совршен пролетен десерт - црвени палачинки со маскарпоне и овошје

Слаткиот вкус на палачинките во комбинација со свежото овошје, истовремено и ќе ве освежи и ќе ве заблажи.  

sovrshen-proleten-desert-crveni-palachinki-so-maskarpone-i-ovoshje-01.jpg

Ако обожавате палачинки, тогаш мора да ги подготвите на овој начин - со крем од маскарпоне и свежо овошје. Совршен пролетен десерт.

Уште ако ги изнесете на трпеза пред гости, ќе ги воодушевите со своите кулинарски способности.

Потребни состојки:

За палачинките:

  • 2 јајца
  • 35g шеќер
  • 20ml растително масло
  • 190g млеко
  • 60g брашно
  • Црвена боја за храна
  • 1 лажичка екстракт од ванила

За филот:

  • 180g слатка павлака (или течен шлаг)
  • 20g шеќер
  • 30g маскарпоне
  • Јагоди исечкани на коцки
  • Парчиња вафли или готов пандишпан

За украсување:

  • Свежи јагоди
  • Боровинки
  • Шеќер во прав

Начин на подготовка:

  • Во сад измешајте ги јајцата, шеќерот, маслото, млекото, брашното, црвената прехранбена боја и екстрактот од ванила за смесата да се изедначи. Прецедете ја двапати за да не останат грутчиња.
  • Загрејте ја тавата на среден (или тивок оган) и пржете ги палачинките до пред да им се направат кафени топчиња (да останат целосно црвени).
  • Додека се ладат палачинките, изматете ја слатката павлака со шеќерот и маскарпонето за да добиете цврст шлаг.
  • Префрлете ја смесата во кеса за крем (за торти и колачи) и ставете ја во фрижидер.
  • Кога малку ќе се излади, почнете да ја филувате палачинката - во средината ставете од смесата со слатка павлака и маскарпоне, па врз неа едно тркалце вафла или пандишпан, па прекријте го со кремот.
  • Одозгора ставете неколку парчиња ситно сечкани јагоди.
  • Свиткајте ја палачинката како торбичка (како во видеото) и врзете ја со пластичен конец или кујнски коноп.
  • Украсете ги со јагоди, боровинки и шеќер во прав и послужете ги.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за совршени печени компири – крцкави однадвор, меки однатре Ако барате рецепт за совршени печени компири, пробајте да ги подготвите на овој ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Во кујна со Зорка Јанчева - Рецепт за домашни грклани, десерт што ќе ве освои на прв залак Иако можеби и нема голема разлика помеѓу гркланите купени во продавница и оние ш...

Најчитани неделава