Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење

Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во кујна.

recept-za-kolach-so-kokos-i-plazma-bez-pechenje-01.jpg

Комбинацијата од плазма и кокос, дополнета со бело чоколадо е навистина неодолива.

За вистинско уживање додадете и малку јагоди (или друго сезонско овошје, во периодот кога ќе ја подготвувате).

Потребни состојки:

  • 700ml млеко
  • 70g шеќер
  • 4 лажици гриз
  • 150g кокос
  • 125g путер
  • 300g мелени плазма бисквити
  • 120ml слатка павлака
  • 300g бело чоколадо
  • Јагоди за декорација

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад ставете ги млекото, шеќерот, гризот и кокосот, па ставете ги на загреана рингла и варете со повремено промешување.
  • Во жешката смеса додајте го путерот и мешајте додека целосно да се растопи. На крај, во смесата ставете ја и мелената плазма, па спојте ги сите состојки.
  • Добиената смеса ставете ја во тепсија врз хартија за печење и израмнете ја.
  • Во тенџере загрејте ја слатката павлака, па кога ќе почне да врие, додадете го белото чоколадо. Мешајте за да се растопи чоколадото и двете состојки да се спојат, па прелијте го колачот.
  • Украсете со јагоди и послужете го.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?... „Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ „Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...

Најчитани неделава