Вкусен колач со боровинки и лимон
Можете да користите свежи или смрзнати боровинки, во секој случај, вкусот на колачот ќе ви го одбележи летото.

Колачот со боровинки и лимон ќе им се допадне на сите гурмани - богат вкус на непцата, меко тесто и малку кисела „жичка“ - совршено.
Колачот со боровинки се подготвува едноставно, а во неговиот вкус ќе уживаат сите.
Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но колачот и понатаму ќе биде совршен.
Како да го подготвите?
Потребни состојки:
Тесто:
- 200g шеќер
- 80ml стопен путер
- 2 големи јајца
- 3 лажици сок од лимон
- 180g брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 120ml млеко
- 1 шолја свежи или замрзнати боровинки
- 2 лажици рендана кора од лимон
Глазура:
- 30g шеќер
- 2 лажици сок од лимон
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175 степени, а во калап за печење леб ставете хартија за печење.
- Подгответе го тестото за колачот. Изматете ги шеќерот, стопениот путер, јајцата и сокот од лимон во длабок сад.
- Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта.
- Двете смеси спојте ги, така што смесата од суви состојки ќе ја ставите во садот каде што ги измативте јајцата и путерот. На крајот додадете го и млекото.
- Кога ќе добиете мазна смеса, истурете ги боровинките и кората од лимон, па внимателно мешајте за тие да се спојат со тестото, но и да не ги раздробите.
- Истурете го тестото во подготвената тава и печете околу 60-70 минути во загреаната рерна (додека чепкалка вметната во центарот на колачот не излезе чиста).
- Готовиот колач оставете го во тавата околу 10 минути, па дури потоа извадете го.
- Во меѓувреме, подгответе ја глазурата. Измешајте ги шеќерот и сокот од лимон во мала чинија за смесата да се изедначи.
- Извадете го колачот од тавата, па прелијте го со глазурата. Дури откако убаво ќе се олади пресечете го и послужете го.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби
Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив
Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...