Рецепт за здрави колачиња од таан и темно чоколадо

Овие колачиња се направени од здрави состојки и нема да зажалите ако посегнете по уште едно плус.

recept-za-zdravi-kolachinja-od-taan-i-temno-chokolado-01.jpg

Ако сте обожаватели на таан, тогаш дефинитивно вреди да го испробате овој вкусен и брз рецепт.

Овие колачиња се направени од здрави состојки и нема да зажалите ако посегнете по уште едно.

А, одат одлично и со кафе.

Потребни состојки:

  • 240g таан и уште неколку лажички за премачкување
  • 150g кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 30g какао во прав
  • 55g сечкано темно чоколадо
  • 1 лажица брашно
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка сол
  • Црн сусам за декорирање

recept-za-zdravi-kolachinja-od-taan-i-temno-chokolado-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Загрејте на рерната на 180 степени Целзиусови и намачкајте тава за печење со малку путер или зејтин или обложете ја со хартија за печење.
  • Во голем сад измешајте го таанот, екстрактот од ванила и шеќерот. Ставајте ги јајцата едно по едно и мешајте додека не добиете изедначена смеса.
  • Ставете ги какаото, брашното, солта и сода бикарбоната и нежно мешајте. Потоа додајте го и сечканото чоколадо и ќе добиете густо тесто.
  • Така добиеното тесто ставете го во садот за печење. Откако убаво ќе го распоредите, одозгора премачкајте со неколку лажички таан.
  • Печете ги колачињата од 25 до 30 минути, во зависност од тоа дали ги сакате посочни или посуви.
  • Оставете ги малку да се оладат, декорирајте ги со црн сусам и уживајте.

recept-za-zdravi-kolachinja-od-taan-i-temno-chokolado-05.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...

Најчитани неделава