Брз ролат со плазма и овошје (без печење)

Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќи има многу, многу сличен вкус.

brz-rolat-so-plazma-i-jagodi-bez-pechenje-01_copy.jpg

Ова е одличен десерт за топлите летни денови.

Во прилог му оди и тоа што се подготвува брзо и не се пече. Па пробајте го.

Оригиналниот рецепт е со јагоди, но ако не можете да најдете, изберете друго овошје, по ваш вкус - малини, банани, праски...

Потребни состојки:

За кората:

  • 300g мелена плазма
  • 2 лажици какао
  • 60g путер
  • 200ml млеко

За филот:

  • 200ml слатка павлака
  • 100g бело чоколадо
  • 125g крем сирење
  • 4-5 јагоди (или сезонско овошје по вкус)

За премачкување:

  • 150g млечно чоколадо
  • 2 лажици мелена плазма

Начин на подготовка:

  • Соединете ги сите состојки за кората, измесете со рака, па распоредете ја смесата на проѕирна фолија во вид на правоаголник.
  • Растопете го белото чоколадо на пареа.
  • Во длабок сад изматете ја слатката павлака да се згусне, па додајте го стопеното бело чоколадо, крем сирењето и исечканите јагоди.
  • Убаво спојте ги, па добиениот фил распоредете го рамномерно врз кората.
  • Свиткајте го ролатот и ставете го во фрижидер да се стегне.
  • Во меѓувреме, на пареа стопете го млечното чоколадо и додајте ги двете лажици плазма. Спојте ги двете состојки и со нив прелијте го ролатот.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...

Најчитани неделава