Рецепт за домашен сос за скара - совршен за месо, но и за сендвичи
Овој сос може да го користите за јадења со месо, како пилешки крилца, свинско месо, ребра... Но, исто така може да го пробате и во сендвичи, хамбургери или да го користите како додаток за помфрит или пржен кромид.

Скарата е секогаш добра идеја кога се собираме со семејството и пријателите, но ако се одлучите на сето тоа да додадете и домашно приготвен сос, веруваме дека ќе ги импресионирате вашите блиски.
Овој сос се прави брзо (за 20-тина минути), а во фрижидер може да го чувате и неколку недели.
Како да направите домашен сос за скара?
Потребни состојки:
- 350ml кечап
- 120ml јаболков оцет
- 120ml вода
- 45g кафеав шеќер
- 60ml соја сос
- 2 лажички сенф
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка мелен ким
- 1 лажичка чаден црвен пипер
Начин на подготовка:
- Во средно тенџере, измешајте ги кечапот, оцетот, водата, кафеавиот шеќер, соја сосот, сенфот, лукот во прав, мелениот ким и црвениот пипер.
- Оставете ги да зовријат на средна температура.
- Откако ќе зовријат, намалете ја температурата на минимум и оставете да се варат, често мешајќи додека смесата не згусне.
- Зачинете по вкус и чувајте во фрижидер до 2 недели.
- Така подготвениот сос може да го користите за јадења со месо, како пилешки крилца, свинско месо, ребра. Но, исто така може да го пробате и во сендвичи, хамбургери или да го користите како додаток за помфрит или пржен кромид.

М. Ѓ.| Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...