Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата по детството има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни што ни го правеле бабите. А дали некогаш сте го направиле вие?

Мирисот на колачот со вишни секогаш нè враќа во детството и безгрижните денови.
И без разлика дали го правиме ние или нашите мајки, сепак, највкусен ни е оној што го правеле нашите баби.
Овој колач се подготвува едноставно, а успева секому.
Затоа, не чекајте, туку набавете ги сите потребни состојки (а можеби ги имате дома) и направете го, па уживајте во мирисот и вкусот што ќе ве вратат во детството.
Потребни состојки:
- 5 јајца
- 300g шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 300g брашно
- 200ml јогурт
- 150ml масло
- 1 кесичка прашок за печиво
- 500g вишни (исчистени од семка)
- Малку гриз за вишните (по желба)
- Шеќер во прав (за посипување)
Начин на подготовка:
- Јајцата матете ги со миксер додека не станат пенести.
- Постепено додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер и мешајте додека шеќерот не се раствори и добро да се соедини со јајцата.
- Потоа малку по малку додавајте јогурт и продолжете со матење.
- Кога смесата ќе се изедначи, додадете го и маслото, па матете уште малку.
- На крајот, лажица по лажица додадете го просеаното брашно и прашокот за печиво, па матете на најмала брзина на миксерот за да се соедини смесата и да се разбијат грутчињата (ако се појавиле).
- Смесата сипете ја во претходно подмачкана и набрашнета тава.
- Вишните, кои сте ги исчистиле од семките и сте ги исцедиле од сокот што го пуштиле, посипете ги со малку гриз и измешајте (гризот ќе го впие вишокот течност).
- Ставете ги најгоре, а тие самите ќе пропаднат малку надолу, низ тестото.
- Печете го колачот во загреана рерна на 180°C околу 30-35 минути (или повеќе, зависно од тоа како ви пече рерната).
- Штом се испече, оставете го да излади, па исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби
Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...