Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer
Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо. А сосовите? Овој пат ви нудиме рецепт за брз сочен сос од домати и фета сирење.

Ако имате Air Fryer и ви се најават гости, или сакате да зготвите нешто набрзина, можете да ги пробате овие тестенини со вкусен сос од домати и фета сирење.
Сочно и вкусно...
Состоијките се за 4 лица:
- 1 парче фета сирење (околу 200g)
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажиче оригано
- Сол и црн пипер по вкус
- Паста по избор
- 70g сечкани сушени домати
- Шери домати (едно пакување)
- Свеж босилек, сечкан
Начин на подготовка:
- Во силиконска основа за Air Fryer ставете го фета сирењето и шери доматите (не треба да ги сечете).
- Додадете малку маслиново масло, оригано, сол и бибер, па оставете да омекне 20 минути на 180°C.
- Откако ќе бидат готови, со виљушка изматете ги сите состојки и додадете малку сечкани сушени домати во сосот, па промешајте за да се спојат.
- Во меѓувреме, сварете ги тестенините според упатството на пакувањето и исцедете ги од водата.
- Додадете го сосот во варените тестенини, па украсете го со малку босилек и послужете ги топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море
Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...