Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан

Тестото за пица што се подготвува во ресторан има една тајна состојка... Како да го подготвите во домашни услови, а да е совршено?

napravete-domashno-testo-za-pica-isto-kako-od-restoran-01.jpg

Домашното тесто за пица се подготвува лесно, иако за да добие совршениот крцкав вкус како од ресторан, треба да имете малку трпение додека да „стаса“.

Но, има и тајна состојка, која можеби ќе ве изненади. 

Потребни состојки:

  • 300ml млака вода
  • ½ лажичка сув квасец
  • 1 лажичка мед
  • ½ лажица сол
  • 420g брашно

Начин на подготовка:

  • Во садот со топла вода ставете 1 лажичка мед и убаво мешајте за да добиете хомогена смеса. Во неа ставете го квасецот и оставете да отстои 5 минути (не мешајте).
  • Во длабок сад ставете 420g брашно и малку сол. Откако квасецот ќе отстои во водата со мед, измешајте ги двете состојки, па додадете ги во брашното.
  • Месете го тестото додека да стане мазно и да не ви се лепи на рацете. Покријте го садот со проѕирна фолија (или ставете го во ќеса) и оставете го да отстои барем 4-5 часа.
  • Кога ќе нарасне, префрлете го на набрашнета работна површина, тегнете го и премесете го уште еднаш.
  • Со рацете формирајте го тестото во форма на векна леб, па пресечете го на две еднакви половини.
  • Секоја половина превиткајте ја со рацете по 8 пати (на крајот треба да добиете форма на топче).
  • Двете топчиња ставете ги во два сада и повторно покријте ги со проѕирна фолија или со ќеса, па ставете ги во фрижидер. Најдобро е тестото да остане во фрижидерот преку ноќ.
  • Кога тестото ќе биде доволно цврсто, извадете го од фрижидер, па развлечете го со сукало до посакуваната дебелина.
  • Врз него ставете ги состојките за пица кои ги сакате и печете во претходно загреана рерна.

napravete-domashno-testo-za-pica-isto-kako-od-restoran-02.jpg

napravete-domashno-testo-za-pica-isto-kako-od-restoran-03_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава