Рецепт за крофни со шеќер како на плажа

Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни, меки, се топат во уста.

krofni-so-shekjer-kako-na-plazha-01.jpg

Многу луѓе кога ќе отидат на летување, едвај чекаат на плажа да помине некој што продава крофни со шеќер - одморот како да не е комплетен без нив.

Но, сега можете овие крофни кои се топат во уста да ги направите и дома.

Потребни состојки:

  • 600g брашно
  • ½ лажичка сол
  • 3 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 ќесичка сув квасец
  • 100ml кисело млеко
  • 150ml топло млеко
  • 50g стопен путер (или маргарин)
  • 2 јајца
  • 1 лажица рум
  • Рендана кора од 1 лимон
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка:

  • Најпрво подгответе го квасецот - ставете ја содржината од ќесичката во сад заедно со ½ лажица шеќер, 1 лажица брашно и половина од топлото млеко (околу 70-80ml) па оставете го да нарасне.
  • Во длабок сад ставете ги брашното, солта, останатиот шеќер, ванилата, киселото млеко, јајцата, стопениот путер, румот и изренданата кора од лимон.
  • Замесете за да се спојат, па додадете го и нараснатиот квасец.
  • Месете додека да добиете мазна смеса, а по потреба, додајте го и останатото топло млеко.
  • На крајот додадете ја едната лажица масло, обликувајте го тестото во вид на топка, ставете го во вангла, покријте го со ќеса или крпа, и оставете го да стаса.
  • Кога тестото ќе нарасне двојно, префрлете го на работна површина и расукајте го, но не го премесувајте за да остане воздушесто и меко.
  • Со чаша направете тркалца, а потоа со чашка за ракија направете дупка во средината на секое тркалце.
  • Крофните со дупки тргнете ги на страна и покријте ги со крпа, за уште малку да нараснат.
  • Во тенџере ставете масло за пржење и кога ќе почне да се топли, неколку лажици од маслото тргнете на страна. Намалете ја ринглата на средна температура.
  • Со топлото масло премачкајте ги крофните, а потоа ставете ги да се пржат.
  • Кога ќе бидат испржени, вадете ги врз хартија за да го впие вишокот масло.
  • Дури откако убаво ќе се изладат, извалкајте ги во шеќер, па послужете ги.

krofni-so-shekjer-kako-na-plazha-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...

Најчитани неделава