Викенд рецепт: Летна мусака со компири и спанаќ
Наместо класичната мусака приготвена со месо и компири, направете нешто поинакво - летна и лесна варијанта со спанаќ.

Ако немате идеја што да подготвите за ручек овие денови, можеби треба да го пробате овој рецепт за мусака без месо.
Потребни состојки:
- 1kg компири
- 350g спанаќ (ако нема свеж, може и замрзнат)
- 1 морков
- 2 чешниња лук
- 2-3 лажици масло
- 2 лажици брашно
- 300ml млеко
- 250ml павлака за готвење
- 50g путер
- По вкус сол, бибер, морско оревче
- 100g кашкавал
Начин на подготовка:
- Излупете ги компирите и исечете ги на тенки тркалца, па варете ги во вода со малку сол додека да омекнат.
- Во тава за пржење ставете го путерот, а кога ќе се растопи, ставете ги лукот и ренданиот морков.
- Кога ќе омекнат, додадете ги брашното, млекото и павлаката за готвење за да направите бешамел сос.
- По неколку минутки, кога сосот ќе почне да врие, додадете ги исечканиот спанаќ и зачините.
- Во подмачкан плех, најдолу ставете еден ред компири, малку преклопени (како во видеото).
- Преку нив ставете половина од бешамел сосот, а врз тоа половина од кашкавалот, кој претходно сте го изрендале.
- Потоа повторете ја постапката уште еднаш со остатокот од компирите, бешамелот со спанаќ и кашкавалот.
- Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 30 минути.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...