Рецепт за лазања од тиквички во Air Fryer
Ако и вие обожавате лазања, тогаш мора да ја пробате оваа верзија со тиквички.

Во времето кога омилените рецепти добиваат нова верзија, зошто да не пробате лазања од тиквички, која се подготвува брзо во Air Fryer?
Потребни состојки:
- 3-4 тиквички
- 100g пармезан
- 150g шунка (или мисиркини гради)
- 250g кашкавал
- Сол по вкус
Начин на подготовка:
- Тиквичките измијте ги и од секоја извадете ги краевите.
- Исечкајте ги на тенки ленти и оставете ги 10-15 минути завиткани во впивачка хартија.
- Откако ќе ги исцедите тиквичките од водата, почнете да ја редите лазањата директно во Air Fryer-от.
- Најдолу ставете ред тиквички, малку пармезан, шунка и најгоре рендан кашкавал.
- Повторете ја постапката додека имате состојки (направете најмалку 4 кори).
- Добро притиснете ги сите слоеви, за да се спојат состојките, а потоа најгоре може да ставите парчиња кашкавал или моцарела.
- Печете на 170 степени околу 35-40 минути (или подесете ги времето и температурата зависно од вашиот Air Fryer).
- Кога ќе го извадите, оставете го да се олади (стегне) неколку минути на собна температура, а потоа послужете го.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка
Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Фритата со тиквички и кашкавал - вкусен оброк што се топи во уста
Фритата е вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус. Овој пат ви нудиме рецепт ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...