Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)

Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша желба.

brzo-meze-rolat-od-tikvichki-i-so-se-shto-sakate-vnatre-01.jpg

Ролатот од тиквички може да биде одлично предјадење, мезе или додаток на главното јадење.

Основата се тиквичките печени на скара или пропржени на грил тава, а филот може да биде по ваш вкус.

Овој рецепт е со рукола, шунка и топено сирење - се прави брзо и многу лесно.

Потребни состојки:

  • 2 големи тиквички
  • 150g топено сирење (или павлака + мајонез)
  • 100g шунка
  • 40g суви домати маринирани во масло
  • 30g рукола
  • ½ кора од лимон

Начин на подготовка:

  • Тиквичките исчистете ги и исечкајте ги ленти, дебели 5-6mm.
  • Испечете ги на скара или на грил тава, по неколку минути од двете страни за да се заруменат.
  • Наредете ги тиквичките врз хартија за печење, малку да бидат една врз друга и формирајте два реда (како на видеото).
  • Премачкајте ги со топеното сирење (ако ви е густо можете да го омекнете со 1-2 лажички млеко).
  • Врз тоа наредете ја шунката, па руколата и над неа ставете исечкани парчиња суви домати.
  • Најгоре изрендајте кора од половина лимон, за да му даде свеж вкус на мезето.
  • Цврсто свиткајте ги тиквичките во вид на ролат заедно со хартијата за печење, па оставете го да се стегне во фрижидер еден час.
  • Исечете го на подебели парчиња и послужете го.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...

Најчитани неделава