Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање... Звучи идеално нели?

Овој рецепт е одличен за вечера или за појадок, кога сакате набрзина да приготвите нешто вкусно и поинакво, а тајната е во тоа што се подготвува со тортиљи, па нема потреба да месите тесто или да чекате дополнително...
За само 15-тина минути ќе имате топол оброк на кој никој во семејството нема да може да му одолее.
Како да подготвите брза пита од тортиљи со шунка и растопен кашкавал?
Потребни состојки:
- 6/8 тортиљи;
- 3 јајца;
- 150ml млеко;
- 120g шунка (исечена на листови);
- 100g рендан кашкавал или моцарела;
- Малку спанаќ (исчистен и измиен);
- 1 лажичка сол.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 180° Целзиусови;
- Тортиљите се виткаат како хармоника и се редат една до друга во премачкан плех;
- Меѓу наредените тортиљи се вметнуваат тенки листови шунка;
- Во длабок сад се ставаат јајцата, млекото, спанаќот и солта и се матат со виљушка;
- Тортиљите се прелеваат со јајцата и се додава рендан кашкавал.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Вкусна и лесна - пита од тиквички, готова за помалку од еден час
Наместо класичните рецепти за пита со сирење или месо, зошто да не направите пит...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал
Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...