Рецепт за здрави зелени палачинки со спанаќ

Овие здрави палачинки се одлична идеја за појадок, но и како ужинка за вашите најмили.

recept-za-zdravi-zeleni-palachinki-so-spanakj-01.jpg

Ако сакате да направите здрав појадок/вечера или ужинка за вас или за вашите деца, тогаш ова е рецептот за вас. 

Се прават брзо и лесно, може да си ги спакувате за на работа, да ги загревате пред јадење и да уживате во здрав оброк. 

Потребни состојки:

  • 2 големи јајца
  • 1 зрела банана
  • 30ml јаворов сируп
  • 30ml маслиново масло
  • Малку екстракт од ванила
  • 50g свеж бејби спанаќ
  • 60ml млеко по избор
  • 180g овесни снегулки
  • 5g прашок за печиво
  • Малку ситна сол
  • путер за премачкување на тавата

recept-za-zdravi-zeleni-palachinki-so-spanakj-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Во блендер ставете ги јајцата, бананата, јаворовиот сируп, маслото, екстрактот од ванила, спанаќот и млекото. Мешајте добро, додека не се соединат сите состојки и да не забележувате парчиња спанаќ.
  • Додајте го овесот, прашокот за печиво и солта, и повторно промешајте. Оставете ја смесата на страна, за да се згусне.
  • Загрејте тавче на среден оган. Намачкајте ја тавата со путер и потоа истурете малку од тестото во средина на тавчето. Ако е многу густо, размачкајте со задниот дел од лажицата.
  • Гответе околу 2 минути, додека не почнат да се појавуваат меурчиња одозгора, па потоа превртете ја и гответе уште 2 минути.
  • Отстранете ја кога е готова и повторувајте ја постапката со останатото тесто, треба да добиете приближно 10 палачинки.
  • Послужете ги топли со омилените додатоци, а може да ги чувате во фрижидер до 5 дена.

recept-za-zdravi-zeleni-palachinki-so-spanakj-03.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...

Најчитани неделава