Кремаста торта со ф’стак и чоколадо - совршен есенски десерт
Доволен е еден залак од овој кремаст десерт да се заљубите во вкусот кој е комбинација од чоколадо и ф'стаци...

Есента носи нови вкусни задоволства, а меѓу нив е и храната.
Па, ако сте љубител на десертите со вкус на ф’стак, тогаш мора да ја пробате оваа торта.
Потребни состојки:
За чоколадната основа:
- 85g несолен путер
- 100g шеќер
- 30g кафеав шеќер
- 2 јајца
- 80g брашно
- 25g какао
- 100g темно чоколадо (со околу 60% какао)
- ¼ лажичка сол
За филот од ф'стаци:
- 400г крем сирење
- 300g крем од ф'стаци
- 30g брашно
- 200ml шлаг крем
- 1 лажица екстракт од ванила
- 3 големи јајца
- 2 лажици шеќер
Начин на подготовка:
- Најпрво подгответе го тестото. Ставете хартија за печење во калап за торти со големина 20cm (на кој се вади дното) и премачкајте ја со путер.
- Во длабок сад ставете ги темното чоколадо и путерот и растопете ги во микробранова печка, па тргнете ги на страна.
- Во друг сад ставете ги јајцата, шеќерот (белиот + кафеавиот) и екстрактот од ванила, па матете околу 4-5 минути со миксер за да добиете кремаста смеса.
- Додадете го стопениот путер со чоколади и спојте ја смесата со шпатула, со благо преклопување.
- Просејте ги брашното и какаото, па додадете ги претходно подготвената чоколадна смеса. Повторно мешајте со шпатула.
- Истурете ја смесата во подготвениот калап за печење, па ставете ја во грижидер додека го подготвувате слојот од ф’стаци.
- Во длабок сад ставете го крем сирењето и кремот од ф'стаци и мешајте со миксер.
- Кога ќе се соединат, додадете ги јајцата, екстрактот од ванила и брашното што сте го просеале.
- На крајот во смесата ставете ги шеќерот и шлаг кремот, па повторно измешајте додека не се соедини и изедначи целата смеса.
- Извадете го калапот со чоколадната основа од фрижидер и врз неа истурете го кремот од ф'стаци (преку сито).
- Печете во загреана рерна на 230°C, околу 25 минути, но внимавајте да не ви загори или да се препече - тортата треба да е мека внатре, а запечена само однадвор.
- Оставете да се излади половина час, па покријте ја со фолија и оставете ја во фрижидер преку ноќ.
- Пред да ја послужите, извадете ја од фрижидер и оставете ја барем 10 минути на собна температура за да омекне и стане кремаста, а дури потоа јадете ја.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини
Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...