Тирамису со ф’стаци и пишкоти - совршен десерт за сечиј вкус

Ако не можете да му одолеете на вкусот на класичното тирамису, тогаш сигурно ќе уживате во верзијата со ф’стаци.

tiramisu-so-f-staci-i-pishkoti-sovrshen-desert-za-sechij-vkus-01.jpg

Се подготвува лесно, а се јаде „за час“.

Дали би го пробале овој десерт со ф’стаци и пишкоти?

Потребни состојки:

  • 240 ml топло млеко
  • 2 кесички зелен чај
  • 30-40 пишкоти
  • мелени ф'стаци за украсување

За филот:

  • 400g маскарпоне
  • 120g шеќер во прав
  • 1 лажичка ванила
  • 100g крем од ф'стаци
  • 360ml слатка павлака

Начин на подготовка:

  • Истурете го млекото во мало тенџере и кога ќе дојде до точка на вриење, во млекото ставете две кесички зелен чај и оставете ги внатре 10 минути.
  • Отстранете ги кесичките чај и оставете го млекото да се излади.
  • Во длабок сад изматете го маскарпонето додека да омекне, додадете го шеќерот во прав и измешајте за смесата да се изедначи.
  • Додадете ја лажичката ванила, кремот од ф'стаци и мешајте додека да се изедначи.
  • Додадете ја слатката павлака и матете додека да добиете густа, цврста смеса.
  • Потопете ги пишкотите во млекото, па редете ги на дното на тава со димензии 20х30cm.
  • Врз пишкотите ставете половина од кремот.
  • Потоа наредете уште еден слој пишкоти потопени во млеко и ставете ја втората половина од кремот.
  • Ставете го во фрижидер да отстои најмалку 4 часа или преку ноќ.
  • Пред да го послужите, издробете или исечкајте малку ф'стаци и посипете ги врз тирамисуто.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...

Најчитани неделава