Вкусен појадок за гурмани: Потпржени сендвичи со јајца, сувмеснато и растопен кашкавал

Сендвич или пржено лепче? Со овој рецепт можете да ги искомбинирате и двата појадоци и да направите нешто вкусно и уникатно за целото семејство.

vkusen-pojadok-za-gurmani-potprzheni-sendvichi-so-jajca-suvmesnato-i-rastopen-kashkaval-01_copy.jpg

Дури и ако сте од оние што се постојано на режим на исхрана, оваа идеја за вкусен појадок ќе ве освои и секако ќе посакате да си дадете одмор од диетата и да уживате во вкусовите.

Овој појадок е спој од пржени лепчиња и сендвичи, а можете да ги подготвите мошне брзо и едноставно.

Што треба да направите?

Потребни состојки:

  • 1 леб;
  • Салама или друг сувомеснат производ (исечен на тенки крукчиња);
  • Кашкавал (исечен на тенки листови);
  • 5 јајца;
  • Прстофат сол;
  • Масло за пржење.

Начин на подготовка:

  • Лебот се сече на тенки парчиња, како за сендвичи;
  • Од лебот се прават сендвичи со по неколку парчиња салама и со кашкавал;
  • Во длабок сад се матат јајцата со прстофат сол;
  • Се загрева маслото во нелепливо тавче за пржење;
  • Секој сендвич се потопува во разматеното јајце и се пржи на средна температура додека лепчињата да добијат златно кафеава боја.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Потпечена полента со сланина - идеален рецепт за вкусна вечера Дали сте од оние кои често подготвуваат полента за појадок или вечера? Ако одгов...

Најчитани неделава