Кремаста салата со крцкави компири и сланина

Не сте љубител на мајонез и се нервирате кога ќе ве послужат со сочна салата во која има мајонез? Овој рецепт за вкусна, кремава салата без мајонез, има богат вкус во кој ќе уживате.

kremasta-salata-so-kompiri-i-slanina-bez-majonez-idealna-za-obrok-ili-dodatok-na-jadenjeto-01.jpg

Оваа салата е лесна за подготвување. Брзо се прави, а уште побрзо се јаде.

Одлична е и како оброк и како додаток во јадењето.

Како да ја подготвите?

Потребни состојки:

  • 1kg компир (помали парчиња)
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чаши грчки јогурт
  • 4 чешниња лук, испасирани
  • Кора и сок од 1 лимон
  • ⅓ китка ситно сечкан копар
  • 6 краставички (средна големина) ситно исечкани (или 2 големи краставици)
  • 8 парчиња сланина, исечкана на коцки и пропржена
  • ⅓ шолја власец, ситно исечкан
  • ½ лажичка морска сол
  • ½ лажичка мелен бибер

Начин на подготовка:

  • Најпрво измијте ги убаво компирите па сварете ги со лушпа.
  • Извадете ги од водата и оставете ги да се изладат на крпа (за да се впие вишокот вода).
  • Загрејте ја рерната на 220°С. Обложете го плехот со хартија за печење и префрлете ги компирите врз хартијата.
  • Со дното на чаша згмечете ги, па премачкајте ги со маслиново масло, а потоа посипете ги со морска сол и мелен бибер.
  • Печете ги околу 45-50 минути, превртувајќи ги од една на друга страна кога ќе помине половина од времето (за да се испечат рамномерно) и да бидат златни и крцкави.
  • Додека се ладат компирите, во длабок сад измешајте ги грчкиот јогурт, испасираниот лук, кората од лимон, сокот од лимон, власецот и копарот.
  • Потоа додадете ја исечканата и препржена сланина, краставиците и изладените крцкави компири.
  • Измешајте уште еднаш за да се соединат состојките, но правете го тоа нежно за да не се скршат компирите.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Совршено летно мезе - Крцкави тиквички потпечени во рерна, со сос од грчки јогурт Тиквичките може да се подготват на десетици разни начини, но овие со лебни трошк...

Најчитани неделава