Рецепт за чизкејк мафини со урми, без печење

Постојат многу начини за подготовка на чизкејк, а еден од нив е со комбинација на урми и какао.

recept-za-chizkejk-mafini-so-urmi-bez-pechenje-01.jpg

За околу 40 минути можете да подготвите здрави и вкусни чизкејк мафини, кои притоа, не се печат.

Овој рецепт често се споделува на Инстаграм, а оние што ги пробале мафините велат дека имаат совршен вкус.

Како да ги подготвите?

Потребни состојки:

  • 12 урми
  • ¼ шолја млеко
  • ½ лажичка сол
  • 60g путер од кикирики
  • 60g какао во прав
  • 125g крем сирење
  • 80g темно чоколадо

Начин на подготовка:

  • Исчистете ги урмите од семките, па ставете ги во длабок сад и попарете ги со врела вода. Нека отстојат барем 30 минути (или преку ноќ).
  • Исцедете ги урмите од водата, па ставете ги во блендер или процесор за храна.
  • Додадете го млекото и голем прстофат сол.
  • Блендирајте додека сместа не се изедначи, па потоа поделете ја во два сада на еднакви делови.
  • Во еден сад додадете какао во прав и путер од кикирики.
  • Мешајте додека смесата убаво не се соедини (треба да биде цврста за да се обликува).
  • Ако е премногу леплива, изладете ја во фрижидер неколку минути.
  • Поделете ја на шест еднакви делови, направете 6 топчиња и секое топче ставете го во калап за мафини.
  • Со чашка притиснете го секое топче за лесно да се распореди по ѕидовите на калапот за мафини (вака формирате мини подлоги за чизкејк).
  • Во вториот сад со урми додадете крем сирење, па мешајте додека смесата не стане мазна и кремаста.
  • Филот рамномерно ставете го со лажица во подготвените калапи, филувајќи го секој чизкејк мафин до врвот.
  • Растопете го темното чоколадо и прелејте го одозгора секој чизкејк мафин.
  • Ставете ја модлата со колачи во фрижидер најмалку 1 час, па кога ќе се стегнат, послужете ги.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава