Печени јаболки во лиснато тесто, полнети со ореви

Кога ќе споите јаболки, цимет и ореви, добивате совршен есенски вкус и мирис.

pecheni-jabolki-vo-lisnato-testo-polneti-so-orevi-01.jpg

Јаболката се вистински есенски деликатес, а освен свежи, можете да ги конзумирате на многу различни начини.

Еден од нив е во вид на сочен десерт - полнето јаболко со ореви, со додаток од цимет и ореви, и сладолед за совршен вкус.

Потребни состојки:

  • 2 големи јаболка
  • 250g лиснато тесто
  • 2 лажици путер
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • ½ ќесичка цимет
  • 1 лажица сечкани ореви
  • 1 лажица суво грозје
  • Прстофат сол
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 жолчка + 1 лажичка вода
  • Сладолед од ванила

Начин на подготовка:

  • Измијте ги јаболката и издлабете ја средината.
  • Јадрото од јаболката препржете го на путер околу 6-7 минути.
  • Во тавчето додадете кафеав шеќер, цимет, сол, сечкани ореви, суво грозје и сок од лимон, па пржете уште 3-4 минути.
  • Распостелете го лиснатото тесто на работната маса и со чинија направете круг (како на видеото).
  • Со нож направете резанки, па јаболката завиткајте ги во лиснато тесто.
  • Внатре ставете го филот.
  • Тестото премачкајте ги со изматена жолчка и 1 лажичка вода.
  • Печете 25 минути на 180 степени.
  • Печените јаболка посипете ги со цимет, одозгора ставете топка сладолед од ванила и декорирајте со ореви.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за компот од јаболка и крушки - Есенски деликатес за сите сетила Кога времето почнува да заладува, еден од омилените мириси на многумина е мирисо...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...

Најчитани неделава