Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости

Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминати кај баба на гости - како сами да си направите есенска верзија со вкус на тиква?

mrsna-torta-so-vkus-na-tikva-domot-kje-vi-mirisa-kako-kaj-baba-na-gosti-01.jpg

Ова е една од најлесните торти, а освен што е вкусна, ќе ви го донесе и мирисот на есента во домот додека се пече. 

Едноставна, мека и неодолива, сигурно ќе посакате парче плус, исто како во детството на гости кај баба. 

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 100ml масло
  • 200g брашно
  • 1 кора од лимон
  • 150g шеќер
  • 200g тиква, сечена на коцки
  • 2 лажици прашок за пециво
  • Шеќер во прав за наросување

Начин на подготовка:

  • Исечете ја тиквата на ситни коцки и отстранете ја кората, ставете ги во блендер и блендирајте повеќепати додека не стане многу ситно.
  • Во сад ставете ги јајцата и шеќерот и соединете ги со миксер.
  • Потоа додадете ги во смесата маслото и изренданата кора од лимон, па продолжете да мешате со миксер.
  • Додадете го брашното и прашокот за печиво и внимателно измиксирајте додека не се соедини смесата, да остане без грутки.
  • На крај додадете ја и тиквата и миксирајте додека не добиете мазна смеса.
  • Истурете ја смесата во калап за торта со дијаметар 20-22cm, врз хартија за печење и печете на претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 45 минути.
  • Оставете малку да се излади, превртете ја врз голема чинија и наросете шеќер во прав.

Видео постапка:

https://www.facebook.com/watch/?v=1114364153579320

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...

Најчитани неделава