Лиснати колачиња со малини и бело чоколадо, совршени за празничните денови

Крцкави, вкусни колачиња кои се топат во устата се идеален избор за претстојниот празничен период.

lisnati-kolachinja-so-malini-i-belo-chokolado-sovrsheni-za-praznichnite-denovi-01.jpg

Наместо да подготвувате класични колачи за семејството или за гости, направете лиснати колачиња со малини и бело чоколадо.

Постапката е едноставна, но пред да почнете, погледнете го видеото.

Потребни состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 100g замрзнати малини
  • 100g шеќер
  • 1 бело чоколадо

Начин на подготовка:

  • Оставете го листантото тесто малку да се одмрзне, па развлечете го на работната површина.
  • Преклопете го подолгиот дел од лиснатото тесто на половина за да ја означите средната точка (како во видеото).
  • Ставете ги замрзнатите малини во процесор за храна и матете за да станат како ситен прав (ако немате процесор за храна, ставете го во затворена кеса и здробете ги со сукало).
  • Додадете ⅔ од шеќерот во сад, а потоа во него просејте го прашокот од малина (фрлете ги семките што нема да поминат низ цедалката).
  • Изматете за убаво да се соедини.
  • Врз лиснато тесто, ставете ја преостанатата ⅓ од шеќерот и убаво натапкајте го.
  • Потоа, обилно посипете го со шеќерот со малина, но само толку колку што ќе треба за да го премачкате целосно тестото, не го ставајте целиот шеќер.
  • Притиснете го шеќерот со рацете, а потоа и со сукало расукајте го уште малку.
  • Преклопете ги двата краја од тестото кон средината, така што околу ќе ви остане тесто за уште еден преклоп (погледнете го видеото за правилен начин на преклопување) и посипете со со уште малку шеќер со малина.
  • Кога ќе го направите последниот преклоп (за да се спојат двете страни од тестото на средината), посипете ги со малку повеќе обичен шеќер.
  • Ставете го тестото во замрзнувач околу 30 минути, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 220°С.
  • Извадете го тестото од замрзнувачот и исечете ги на парчиња дебели околу 2-3cm.
  • Ставете ги лиснатите колачи на плех, врз хартија за печење.
  • Печете околу 8-10 минути, па превртете ги со шпатула и печете дополнителни 4-5 минути за да поруменат и не станат крцкави.
  • Оставете да се изладат целосно, а потоа потопете го во стопено бело чоколадо и посипете ги со малку прав од замрзнатите малини.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за совршени печени компири – крцкави однадвор, меки однатре Ако барате рецепт за совршени печени компири, пробајте да ги подготвите на овој ...

Најчитани неделава