Сочно Алфредо пилешко со кашкавал, потпечено во рерна

Помеѓу многубројните начини на кои можете да го подготвите пилешкото филе е и Алфредо пилешко со кашкавал. Ако досега не сте го пробале - не чекајте!

alfredo-pileshko-so-kashkaval-potpecheno-vo-rerna-01.jpg

Пилешкото Алфредо со кашкавал и компири, се топи во уста. Вкусот е неодолив, а тоа лесно може да стане едно од вашите омилени јадења.

Не е тешко за подготовка, па ако немате идеја за денешниот ручек, можете да го подготвите веднаш.

Потребни состојки:

  • 500g пилешко филе
  • 1 мал кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици нишесте
  • 300ml млеко
  • По 1 лажичка сол, вегета, црвен пипер, лук во прав
  • 500g компири
  • По вкус сол, вегета, црвен пипер, сув магдонос, лук во прав и малку масло
  • 150g рендан кашкавал

Начин на подготовка:

  • Излупете ги компирите, исечете ги на коцки и зачинете ги со вкус сол, вегета, црвен пипер, сув магдонос, лук во прав и малку масло.
  • Ставете ги да се печат во Air Fryer околу 30 минути на 180°C или во рерна.
  • Пилешкото исечете го на коцки, зачинете го со по 1 лажичка сол, вегета, црвен пипер и лук во прав и пржете го додека не зарумени.
  • Потоа додадете го кромидот (ситно исечкан) и пржете додека да омекне, а пред крај ставете и едно чешне лук.
  • Потоа, додадете две лажици нишесте и прелијте го пилешкото со млеко, мешајќи без престан додека сосот целосно не се згусне.
  • Тргнете ја тавата од оган.
  • Печените компири префрлете ги во огноотпорен сад или ако сте ги печеле во рерна, врз нив ставете го пилешкото, а најгоре ставете го ренданиот кашкавал.
  • Печете во рерна на 180°C, околу 10-15 минути за да се стопи кашкавалот и пилешкото да добие убава златна кора.
  • Послужете го топло.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...

Најчитани неделава