Рецепт за сочно пилешко на медитерански начин, со потпечени компири
Претпразнична идеја за семеен ручек - сочно и вкусно пилешко, дополнето со компири и бел сос...

Пилешките гради со моцарела и компири на медитерански начин се подготвуваат многу едноставно.
Ова е еден од оние рецепти кои ќе ги подготвувате често, бидејќи не одземаат премногу време, а се вистински деликатес и за домашните и за гостите.
Потребни состојки:
- 800g - 1kg мали или средно големи компири
- 1-2 парчиња моцарела
- 1-2 домати
- 2 чешниња лук
- 1 лажица путер
- 200ml неутрална павлака
- 2 лажички вегета
- Морско оревче, сол и бибер по вкус
- Рендан кашкавал за посипување
- Масло, црвеен пишер и зачини за маринирање на пилешкото (по вкус)
Начин на подготовка:
- Засечете ги парчињата пилешки гради (но не до крај - како во видеото) па маринирајте ги со масло и црвен пипер, а по вкус додајте сенф, оригано, вегета, бибер или други зачини.
- Можете да го оставите месото да отстои преку ноќ за убаво да ги впие зачините.
- Доматите и моцарелата пресечете ги на тркалца, па вметнете ги наизменично во исечените места во пилешките пилешките гради.
- Вака подготвените парчиња ставете ги во тава за печење обложена со хартија.
- И компирите исечете ги на тенки тркалца, така што нема да ги пресечете до крај (видете го видеото).
- Ставете ги да се варат во посолена вода 7-10 минути, но тргнете ги пред да се преварат.
- И компирите ставете ги во тава за печење.
- Подгответе го белиот сосот - растопете го путерот, додадете ја неутралната павлака, а потоа и лукот исечкан на ситни парленца.
- Зачинете со вегета, сол, бибер и морско оревче и додадете рендан кашкавал (количината е по ваш вкус).
- Кога ќе се спојат убаво, со сосот прелијте ги компирите.
- Доколку имате место, печете ги одеднаш и компирите и местото на 200°C, околу 20 минути.
- По 20 минути извадете ги компирите, посипете ги со изренданиот кашкавал и печете уште 10 минути, сега на 220°C, додека не поруменат.
- Месото и компирите послужете ги додека се топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал
Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...