Торта со гриз и мак, без печење - се топи во уста

Тортата се подготвува многу брзо, но мора да бидете трпеливи и да почекате неколку часа да се стегне пред да ја јадете.

torta-so-griz-i-mak-bez-pechenje-se-topi-vo-usta-01.jpg

Во потрагата по нови рецепти, овој пат ви нудиме торта гриз и мак која е лесна и брза за подготовка.

Толку е кремаста, што се топи во уста уште при првиот залак.

Како да ја подготвите?

Потребни состојки:

  • 80g гриз
  • 140g мелен мак
  • 150g шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 600ml млеко
  • 400g мелени бисквити
  • 125g путер

Прелив:

  • 200g бело чоколадо
  • 80ml слатка павлака

Начин на подготовка:

  • Во млекото со шеќер варете ги гризот и макот околу 15 минути.
  • Додадете го путерот, убаво измешајте, па додадете ги и мелените бисквити.
  • Соединетата смеса истурете во тавче за чизкејк (обложете го со хартија за печење за да не ви се залепат страните).
  • Во мал сад растопете го белото чоколадо на пареа, па додадете ја слатката павлака.
  • Со оваа смеса прелијте ја тортата.
  • Оставете ја да се излади во фрижидер најмалку 2 часа (или уште поубаво - преку ноќ).

Бонус видео:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...

Најчитани неделава