3 брзи рецепти што се прават во микробранова, за кога не ви се готви

Пица лепчиња или мешан зеленчук, и колач во шолја за десерт – во микробранова печка можете да направите цел оброк.

3-brzi-recepti-shto-se-pravat-vo-mikrobranova-za-koga-ne-vi-se-gotvi-01.jpg

Ако не ви се „виси“ над шпорет или немате многу време, можете да си направите вкусен и хранлив оброк во микробранова.

Три рецепти за микробранова што треба да ги пробате:

Пица лепчиња во микробранова

Потребни состојки:

  • 3 парчиња леб
  • Неколку парчиња сувомеснато по ваш избор
  • 1 домат со средна големина
  • 50g кашкавал
  • 1-2 лажички маслиново масло
  • 2-3 маслинки

Начин на подготовка:

  • Изрендајте го кашкавалот, а доматите и маслинките исечете ги на кругови.
  • На парчињата леб ставете маслиново масло (или путер).
  • Ставете го сувомеснатото на парчињата леб, па маслинките и доматите и додајте го ренданиот кашкавал.
  • Ставете ги лепчињата во микробранова на 800W, околу 2-3 минути или додека кашкавалот да се стопи.

3-brzi-recepti-shto-se-pravat-vo-mikrobranova-za-koga-ne-vi-se-gotvi-02.JPG

Мешан зеленчук во микробранова

Потребни состојки:

  • 3 компири со средна големина
  • Половина морков
  • 1 помал кромид
  • 1 помала тиквичка
  • 1 бабура
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици вода
  • 1 лажица масло
  • Сол и бибер по вкус

Начин ан подготовка:

  • Излупете ги компирите и исечете ги на мали парчиња.
  • Ставете ги во сад за микробранова, додајте две лажици вода, покријте го садот и ставете ги во микробранова – 5 минути на 750W.
  • Исечкајте го останатиот зеленчук, освен лукот и доматот, на парчиња колку компирите.
  • Додајте го исечканиот зеленчук во садот со компири, покријте го и гответе уште 5 минути на 750W.
  • Исечкајте ги лукот и доматот и додајте ги во садот со зеленчук.
  • Измешајте сè со масло, сол и бибер, па ставете го садот покриен во микробранова уште 5 минути на иста моќност.

3-brzi-recepti-shto-se-pravat-vo-mikrobranova-za-koga-ne-vi-se-gotvi-03.JPG

Мини колач во шолја

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 3 лажици млеко
  • 1-2 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка ванилин шеќер
  • Прстофат сол

Начин на подготовка:

  • Со маталка измешајте ги јајцето, шеќерот и солта.
  • Додајте го млекото и продолжете со мешање.
  • Додајте ванилин шеќер, прашок за печиво и брашно и мешајте додека смесата не стане хомогена. Тестото треба да биде густо.
  • Во шолја погодна за микробранова (од 350ml или поголема) ставете малку масло и размачкајте го, па истурете го тестото.
  • Ставете ја шолјата во микробранова околу 3-4 минути, на 800W.

3-brzi-recepti-shto-se-pravat-vo-mikrobranova-za-koga-ne-vi-se-gotvi-04.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава