Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела, по италијански рецепт
Ова е рецепт на кој љубителите на тестенини нема да можат да му одолеат. Ова може да биде вашиот неделен ручек...

Некои јадења е доволно да ги пробате еднаш за вкусот да ви остане запаметен засекогаш.
Едно од нив е и овој италијански специјалитет - потпечени таљатели со спанаќ, моцарела и морско оревче.
Ако немате идеја што да зготвите деновиве за ручек, пробајте го.
Потребни состојки:
- 250g таљатели
- 500g спанаќ (може и замрзнат)
- 125g моцарела
- 80g пармезан
- Малку маслиново масло
Бешамел сос:
- 60g путер
- 70g брашно
- 1,5l млеко (отприлика)
- Сол и морско оревче по вкус
Начин на подготовка:
- Најпрво подгответе до бешамел сосот - стопете го путерот во тавче, па додајте ги брашното и млекото.
- Кога ќе добиете кремаста смеса, додадете го спанаќот, а потоа зачинете со сол и морско оревче по вкус.
- На дното на огноотпорен сад за печење ставете половина од бешамелот со спанаќ.
- Врз него наредете ги таљателите (оставете ги во топчиња, не ги кршете), па врз нив ставете го преостанатиот бешамел.
- Завршете до тркалца моцарела, врз кои ќе го наросите ренданиот пармезан.
- Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште
Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...