Рецепт за топло-ладно што ќе ви се погоди од прва

Еден од омилените десерти во целиот свет е топло-ладно. Дали и вие го нарачувате каде и да одите?

recept-za-toplo-ladno-shto-kje-vi-se-pogodi-od-prva-01.jpg

Многу луѓе кога ќе седнат во ресторан порачуваат топло-ладно.

Овој чоколаден колач (познат и како лава колач) во комбинација со сладолед од ванила е секогаш одличен избор, без оглед на сезоната.

Но, наместо да го порачувате во ресторан, сега можете самите да го направите дома.

Не е тежок за подготовка и ќе ви се погоди од прва, а по 2-3 обиди ќе се усовршите толку многу, што ќе бидете експерт.

Со овој рецепт нема да може да згрешите (состојките се за 4 колачиња).

Потребни состојки:

  • 100g темно чоколадо
  • 30g брашно
  • 70g шеќер
  • 70g путер
  • 2 јајца
  • какао и шеќер во прав по вкус
  • прстофат сол
  • малку екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  • Темното чоколадо исечкајте го ситно (или изрендајте го) и растопете го на пареа.
  • Додадете го путерот и убаво измешајте за да се спојат, па тргнете ја смесата на страна.
  • Во длабок сад ставете ги јајцата и шеќерот, па спојте ги со рачна маталка.
  • Додадете го брашното (просејте го преку цедалка), прстофат сол и екстрактот од ванила.
  • Повторно мешајте, а кога ќе добиете мазна смеса, во неа додадете го стопеното (малку изладено) темно чоколадо, па убаво измешајте.
  • Печете ги колачињата во алуминиумски калапи за мафини. Калапите премачкајте ги со малку масло (или путер), а потоа ставете по малку какао и вртете ги калапите за какаото да се залепи на ѕидовите.
  • Смесата поделете ја на 4 еднакви дела и распоредете ја во секој калап.
  • Печете во загреана рерна на 200° околу 8-10 минути.
  • Извадете ги колачите од рерната, оставете само малку да се изладат, па превртете го колачот наопаку во чинија и извадете го од калапот.
  • Наросете го со малку шеќер во прав,, ставете една топка сладолед о ванила и послужете го веднаш.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава