Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите

Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги и направите сами. Пронајдовме рецепт за домашни мекици, од тефтерите кои сигурно сите ги имате дома. 

recept-za-mekici-od-domashniot-tefter-na-majkite-i-babite-01.jpg

Ако сте растени во период пред 2000-ите, сигурно во вашиот семеен дом има еден ваков тефтер, преполн со рачно напишани рецепти, чии страници се измрсени и наросени со брашно. 

Нашите мајки и баби во минатото многу ги користеле, а ни се наоѓаат и на нас кога сакаме да направиме некој домашен рецепт. 

Овој пат издвојуваме рецепт за вкусни мекици, исти како оние што ги јадеме на прославите по повод нечие раѓање. 

Рецептот е минимално измодифициран од оригиналната верзија во тефтерот, за поточно погодување на состојките. 

Потребни состојки: 

  • 1 канче кисело млеко
  • 2 јајца
  • 1 мала лажичка сода бикарбона
  • 1 мала лажица сол
  • 2 лажици шеќер (по желба, ако ги сакате поблаги)
  • Околу 500-600g брашно (колку да се замеси средно меко тесто)
  • Зејтин за пржење 

Начин на подготовка: 

  • Измешајте ги состојките во длабок сад додека не добиете хомогена смеса.
  • Постепено додавајте брашно и мешајте додека да биде доволно за со раце да замесите средно меко тесто (можеби ќе ви треба помалку или повеќе од напишаната количина, зависно од останатите состојки).
  • Се развива голема кора, која се сече на средно големи квадрати.
  • Секое парче тесто се става во добро загреан, врел зејтин (поголема количина, не само на дното, за да може убаво да се испржати се пржи од двете страни додека не ја добие препознатливата боја.

М. М. | Црнобело / фото: приватна архива

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за кох, најслаткиот десерт кој ни го правеа бабите и мајките Се сеќавате ли на кохот кој ви го правеле мајките или бабите? Колачот потопен во...

Најчитани неделава