Рецепт за кох, најслаткиот десерт кој ни го правеа бабите и мајките
Се сеќавате ли на кохот кој ви го правеле мајките или бабите? Колачот потопен во млеко, едноставен, но превкусен рецепт.

Има некоја посебна убавина во старинските рецепти кои ни ги правеа мајките и бабите во минатото.
Ако и вие сте биле љубител на обичниот кох, потопен во млеко, можеби е време сами да го направите.
Потребни состојки (за плех со димензии 15*20-25):
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 2 лажици гриз
- ½ прашок за печиво
За потопување:
- 800ml млеко
- Шеќер или ванилин шеќер, по вкус и потреба за да се заблажи млекото
Начин на подготовка:
- Одвојте ги белките од жолчките, па миксирајте додека не добиете пенеста смеса.
- Кога смесата целосно ќе побели и згусне, додадете ги жолчките, па уште малку матете со миксерот.
- Кога ќе се соедини смесата, додадете ги брашното, гризот, шеќерот и прашокот за печиво, па мешајте додека не се соединат.
- Истурете ја смесата во плех и печете во претходно загреана рерна на 180°С околу 15-20 минути, зависи од рерната.
- Врелиот кох прелијте го со ладното млеко (кое можете претходно да го засладите со шеќер по вкус).
Видео постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
