Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни

За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ролат.

princes-rolat-pobrza-varijanta-na-princes-krofni-01.jpg

Вкусот на овој ролат е скоро ист како вкусот на принцес крофните, но процесот на подготовка е многу поедноставен.

Дополнително, филот се премачкува врз една кора наместо секоја крофна да се полни поединечно, што ја прави подготовката многу побрза.

Потребни состојки

За тестото:

  • 500ml вода
  • 150 ml масло
  • 4-6 лажици шеќер
  • 250g брашно
  • 6 јајца

За кремот:

  • 400 ml млеко
  • 4 жолчки
  • 80-100g шеќер (по вкус)
  • 10g ванилин шеќер
  • 80g брашно/нишесте
  • 80g путер (на собна температура)

Начин на подготовка:

  • Во тенџере ставете ја водата, па додадете ги шеќерот и маслото. Оставете водата да зоврие, па тргнете го тенџерето на страна.
  • Во смесата додајте го брашното, убаво измешајте и оставете ја смесата да се излади 10 минути.
  • Изматете ја со миксер за уште малку да ја разладите, па почнете да ги ставате јајцата едно по едно.
  • Обложете ја тепсијата со хартија за печење, па внатре истурете ја и израмнете ја смесата.
  • Печете во загреана рерна на 200°C околу 30 минути. Ако се зарумени пребрзо, намалете ја температурата на 180°C.
  • Додека го печете тестото не смеете да ја отворате вратата од шпоретот.
  • По половина час, изгаснете ја рерната, но не го вадете тестото, туку оставете го внатре уште 10 минути.
  • За да го подготвите филот, ставете 300ml млеко да зоврие во големо тенџере.
  • За тоа време во длабок сад измешајте ги 4-те жолчки со ванилин шеќер, шеќер, брашно (или нишесте) и остатокот од млекото (200ml).
  • Истурете ја оваа смеса во млекото што врие и мешајте додека не се згусне.
  • Тргнете го тенџерето од шпоретот и покријте го со фолија.
  • Кога филот ќе се излади, додадете го путерот и матете со миксер за да се спои и да не ви останат грутчиња.
  • Кремот размачкајте го рамномерно врз изладената кора и свиткајте го во форма на ролат.
  • По вкус посипете го со шеќер во прав или во филот, пред да го свиткате ролатот, ставете овошје.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...

Најчитани неделава