Едноставен рецепт со пилешки стек и топена зденка - ќе барате парче плус

Изрендан пилешки стек, во комбинација со зденка и компири, кој визуелно потсетува на италијанската фритата е совршена идеја за вашиот викенд ручек. 

ednostaven-recept-so-pileshki-stek-i-topena-zdenka-kje-barate-parche-plus-01.jpg

Ако обожавате пилешко месо, тогаш мора да го пробате овој едноставен рецепт. 

Комбинацијата на вкусови ќе ве воодушеви, па не само што ќе го готвите за себе, туку ќе го правите и кога ќе ви се најават гости.

Овој сочен рецепт е одлична идеја за денешниот ручек.

Потребни состојки:

  • 300g замрзнати пилешки гради
  • 3 зденки
  • 150g кашкавал
  • 1 главица црвен кромид
  • 200g компири
  • 1 јајце
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка сол
  • Малку бибер

Начин на подготовка:

  • Замрзнатите пилешки гради изрендајте ги на крупно, па ставете ги во длабок сад.
  • Изрендајте ја и зденката (или за да не ви се лепи, испасирајте ја со виљушка), па ставете ја во садот со пилешко месо.
  • Додадете 150g рендан кашкавал.
  • Црвениот кромид исечкајте го на ситни коцкички, па и него ставете го во садот.
  • На крајот изрендајте ги и компирите и ставете ги кај пилешкото.
  • Додадете и 1 јајце, па зачинете ја смесата со сол, бибер и оригано.
  • Со рака измесете ги сите состојки за да добиете компактна смеса.
  • Во тавче ставете малку масло за пржење, па префрлете ја смесата од пилешкото.
  • Поклопете го тавчето со капак и оставете да фати кора од долната страна.
  • Превртете го на чинија, па вратете го во тавчето да се испече и од другата страна.
  • Кога ќе биде готово, тргнете го на страна, пресечете го на парчиња и послужете го топло.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава