Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт

Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков десерт - пита со лиснато тесто и арома на цимет и путер.

lisnata-pita-so-krushki-i-cimet-odlichen-zemski-desert-01.jpg

За овој десерт не ви треба голема кулинарска умешност, само малку време и волја да поминете барем еден час во кујната.

А крајниот резултат е одличен зимски десерт кој ќе го обожава целото семејство.

Потребни состојки:

  • 2 смрзнати лиснати теста за пита
  • Малку путер
  • 3 круши, исечени на тенки резанки
  • Околу ¼ шолја шеќер
  • 2 лажици цимет
  • 1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

  • Развлечете го едното лиснато тесто за пита, исечете го во тркалезна форма и премачкајте го со малку путер (на собна температура или стопен за полесно да размачка).
  • Врз него ставете го второто тесто (кое исто така сте го исекле во тркалезна форма), па поминете ги одозгора со сукало за да ги споите.
  • Врз корите ставете чинија (да останат да се гледаат околу 3-4cm тесто од страна).
  • Исечете го на ленти со дебелина околу 1 сантиметар.
  • Преклопувајте ги лентите една врз друга (во форма на плетенка (како што е прикажано во видеото).
  • Кога ќе завршите со „плетење“, измешајте ги шеќерот и циметот и поделете го на три дела.
  • Со една третина од смесата посипете ја средината на кората.
  • Во средишниот дел наредете ги резанките тенко исечкани круши, па одозгора посипете ги со втората третина од шеќер и цимет.
  • Изматете го јајцето и со него премачкајте ја лиснатата кора, а врз него ставете го последниот дел од шеќер со цимет.
  • Врз питата со круши ставете мали парчеца путер.
  • Печете ја 30-35 минути во загреана рерна на 220° целзиусови.
  • Послужете ја со кафе, а по желба можете и со сладолед од ванила.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...

Најчитани неделава