Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните, тогаш можете да подготвите вакви лиснати ролнички.

Освен лиснато тесто, ви требаат уште само 3 состојки за да ги подготвите овие солени залчиња.
Направете ги и, веруваме, ќе ги подготвувате често и ќе уживате додека ги јадете.
Потребни состојки:
- 1 пакување лиснато тесто
- 100g пармезан
- 1 тиквичка
- 150g тенко сечкана сланина
Начин на подготовка:
- Изрендајте ги пармезанот и тиквичката и ставете ги во длабок сад па измешајте ги за да се спојат убаво.
- Ставете го лиснатото тесто преку хартијата во која е спакувано и пресечете го на половина.
- Преку едната половина распоредете ја целата смеса од тиквички и пармезан, а врз нив ставете ги парчињата тенко исечкана сланина.
- Преклопете ги со втората половина од лиснатото тесто, и пресечете ги на чест еднакви дела (како во видеото).
- Секое парче цвиткајте го вид на ролна и ставете го во калап за печење мафини.
- Печете според вашата рерна - додека тестото да зарумени и калапите да се „наполнат“.
- Кога малку ќе се оладат, послужете ги со сос по ваш избор - чили мајонез, павлака со зачини, грчки јорурт, мајонез со кари и слично.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики
Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови
Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...