Палачинки со сирење и шунка - одлична идеја за викенд појадок
Палачинките се секогаш одличен избор за појадок, вечера, ужина или десерт. Но, дали сте вие од оние луѓе кои повеќе сакаат солени отколку слатки палачинки?

Ако солените палачинки се ваш избор, тогаш мора да го пробате овој рецепт уште денес.
Разликата меѓу нив и обичните палачинки е во тоа што наместо да им ставате фил по желба - солените состојки ќе ги ставите во самото тесто.
Дали ви се допаѓа оваа идеја?
Потребни состојки:
- 200g брашно
- 400ml млеко
- 100g сирење
- 100g шунка
- 3 јајцa
- 20g шеќер
- 15ml масло
- 5g сол
- Магдонос по вкус (или каков било зелен додаток - праз, млад лук или кромид, спанаќ...)
Начин на подготовка:
- Во длабок сад измешајте ги јајцата со шеќерот и солта.
- Додадете половина од млекото и брашното, па измешајте за добиете мазна смеса.
- Потоа додајте го преостанатото млеко, маслото, сирењето и шунката (кои треба да ги изрерндате) и зеленото растение (ситно сечкано).
- Пржете ги како што ги пржите и обичните палачинки, а потоа свиткајте ги без да ставите никаков додаток внатре.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за мини ролати со спанаќ и сирење - совршени залчиња за секоја пригода
Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и с...
Мини палачинки во форма на цвет, со јагоди и банани - децата ќе ги обожаваат
Ако сакате да им подготвите појадок на децата кој ќе го обожаваат, направете им ...
Потпечена полента со сланина - идеален рецепт за вкусна вечера
Дали сте од оние кои често подготвуваат полента за појадок или вечера? Ако одгов...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...