Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството
Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви ја разбуди носталгијата - колачот Медено срце е навистина совршен десерт.

Еден од омилените вкусови од детството е оној на меденото срце - чоколадо комбинирано со џем од кајсија.
Ако и вие го обожававте, тогаш можете да ја подготвите неговата посна варијанта - мирисот и вкусот ќе ви разбудат убави сеќавања.
Се подготвува лесно и не одзема многу време, па ако ги имате дома овие состојки, можете да го испечете уште денес.

Потребни состојки:
Тесто:
- 300ml вода
- 100g шеќер
- 200g џем од кајсии
- 100ml масло
- 2 лажици какао во прав
- 2 лажици мед
- 1 лажичка сода бикарбона
- 3 лажички зачин за медењаци
- 300g брашно
Фил:
- 300g џем од кајсии
- 3 лажици топла вода
Глазура:
- 200 гр чоколадо за готвење
- 5 лажици масло
- 3 лажици растителна павлака или малку растително млеко

Начин на подготовка:
- Истурете ги водата и шеќерот во сад и мешајте додека шеќерот не се раствори.
- Додадете ги останатите состојки и добро измешајте за да се соединат.
- Половина од смесата истурете ја во тава за печење (24x34cm) обложена со хартија и печете околу десет минути на 180°C.
- Џемот измешајте го посебно со топла вода (ако вашиот џем е малку поредок и лесно може да се премачка преку кората, нема потреба да го мешате со вода).
- Кога тестото малку ќе зарумени, а кората ќе се стегне, извадете го плехот од рерната и прелијте го со џемот, па врз него ставете ја втората половина од тестото и полека рамномерно распоредете го со шпатула за да го покриете џемот.
- Вратете ја тортата во рерна и печете уште 15 минути. Проверете со чепкалка дали колачот е печен.
- Додека колачот се пече, подгответе ја глазурата. Чоколадото и маслото растопете ги, па додадете го растителниот крем (или млеко) за да не се стегне целосно и да не пукне чоколадото при сечењето на колачот.
- Готовиот колач прелијте го со глазурата и оставете го целосно да се излади.
- Пресечете го на коцки и послужете го.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...