Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме рецептот кој комбинира спанаќ и пршута.

Лесен е за подготовка, а ќе го обожава целото семејство.
Затоа, ако сакате да ги изненадите со нешто вкусно, можете да го направите уште викендов.
Потребни состојки:
- 500g свеж спанаќ
- 200g сирење (со малку маснотии)
- 2 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- сол и бибер по вкус
- ¼ чаша брашно
- ¼ чаша вода
- околу 250-300g подебело сечкана пршута

Начин на подготовка:
- Во голема тава загрејте го маслиновото масло и пржете го лукот кој сте го исечкале ситно (додека не стане проѕирен).
- Додадете го спанаќот во тавата и пржете додека листовите не омекнат. Исечкајте го испржениот спанаќ ситно или ставете го во блендер за да се иситни.
- Во посебен сад изматете го сирењето со сол и бибер по вкус, па тргнете го на страна.
- Во длабок сад измешајте ги брашното и водата за да добиете густа, но течна смеса во вид на тесто. Посолете по вкус.
- Во тестото ставете го изладениот спанаќ, убаво измешајте и истурете го врз плех за печење (обложен со хартија).
- Печете во загреана рерна на 180°C околу 25-30 минути или додека не зарумени.
- Извадете го од рерната и оставете да се излади.
- Остинатиот ролат премачкајте го со смесата од сирење, а потоа наредете ги листовите пршута.
- Свиткајте во форма на ролат, па оставете го во фрижидер неколку часа за убаво да „впие“, па дури потоа послужете го.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen
Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...