Посна мусака со печурки и зеленчук - вкусен ручек за целото семејство
Сите ја знаеме класичната варијатна на мусака - мелено месо, компири, прелив од јајца. Но, што ако ви се пријаде мусака во деновите на постите?

Ако сакате да јадете мусака, а постите, тогаш вистинското решение е посна верзија на омиленото јадењ, направена со многу видови зеленчук.
Оваа мусака е одличен избор за ручек за целото семејство, а може да се подготвува дури и во деновите кога не се пости.
Потребни состојки:
- 450g модар патлиџан
- 300g тиквички
- 800-900g компири
- 3-4 лажици маслиново масло
- Сол, бибер, оригано лук во прав (по вкус)
Сос од домати:
- 1 главица кромид (сечкан)
- 3-4 чешниња лук (ситно сечкан)
- 250g печурки
- 300g наут (варен и испасиран со виљушка)
- 800g конзервирани излупени или исчистени домати
- 1 лажица соја сос
- ½ лажичка буковка
- 70 ml црвено вино
- 1 лажичка цимет и каранфилче во прав
- Мајчина душица и оригано по ½ лажичка, ловоров лист
- Сол, бибер, чили во прав (по избор, ако сакате зачинета)
Вегански бешамел сос:
- 120g индиски ореви (непечени)
- 1 лажиче сенф
- 400 ml вода (или малку повеќе)
- Малку сок од лимон (по вкус)
- Сол, лук во прав
- 4 лажици маслиново масло
- 2 лажици брашно

Начин на подготовка:
- Измијте го зеленчукот. Модриот патлиџан пресечете го по должина на тенки парчиња (0,6 -0,7mm).
- Посолете ги, ставете ги во цедалка да отстојат околу 20-30 минути за да ја испуштат водата, па со хартија или крпа поминете преку нив за да ги исушите.
- Истата постапка повторете ја и со тиквичката.
- Компирите излупете ги и исечете ги на тркалца малку подебели од модриот патлиџан. Зачинете ги со сол и бибер, додадете оригано и наросете ги со малку маслиново масло.
- На истиот начин зачинете ги и модриот патлиџан и тиквичките.
- Сега подгответе го доматниот сос со печурки и наут. На 2 лажици загреано маслиново масло, препржете го исечканиот кромид (со малку сол) за да омекне. Додавајте по малку вода за да не изгори.
- Потоа додадете го исечканиот лук и зачините по вкус - бибер, малку цимет и каранфилче, мајчина душица и оригано, црвена буковка.
- По 2-3 минути додадете ги исечканите печурки и пржете додека не испари водата што ја испуштаат тие.
- Додајте ги соја сосот и црвеното вино, а на крајот конзервите ситно сечкани домати и варениот наут.
- Оставете да се вари околу 5 минути, па тргнете ја тавата од оган.
- Следен чекор е смесата од индиски ореви, која е дел од бешамел сосот.
- Индиските ореви ставете ги во топла вода околу 30 минути, па кога ќе набрекнат, изблендирајте ги.
- Додадете ја водата, малку сок од лимон, сенф, сол и лук во прав. Мешајте додека да добиете кремаста текстура, која треба да е течна.
- На крај, подгответе го бешамелот. Ставете 4 лажици маслиново масло во тенџере, на средна топлина. Додадете го брашното и пропржете кратко, околу 1-2 минути.
- Со постојано мешање додавајте го течниот крем од индиски ореви. Кога сместа ќе се згусне, изрендајте малку морско оревче.
- На крај наредете ја мусаката - на дното на тепсијата ставете маслиново масло, па наредете ги парчињата компир и прелијте ги со половината од доматниот сос.
- Преку ова наредете ги парчињата модар патлиџан и тиквички, па покријте ги со остатокот од смесата од домати.
- На крај, целата мусака прелијте ја со бешамел сосот и рамномерно распоредете го. Одозгора посипете малку оригано.
- Печете ја мусаката на 180-200°C околу 35 минути.
- Кога ќе ја извадите од рерна, оставете ја добро да се излади, а дури потоа пресечете ја и послужете ја.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна
Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал
Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море
Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...