Рецепт за плазма торта со банана, без печење

Банана, плазма, чоколадо - идеална комбинација за вкусен десерт. А ако размислувате дали да ја направите имајте предвид дека нема да треба да ја печете!

recept-za-plazma-torta-so-banana-bez-pechenje-01.jpg

Слатките задоволства некогаш се подготвуваат долго, а некогаш, како оваа плазма торта со банана - многу брзо.

За неа ќе ви требаат само 20-тина минути, па задолжително подгответе ја. А вкусот ќе ве воодушеви, што ќе почнете да ја правите често.

Потребни состојки:

  • 600g мелени плазма бисквити
  • 130g стопен путер
  • 135ml млеко
  • 4 лажици шеќер во прав
  • 5 лажици кисела павлака
  • 2 сечкани банани
  • 400ml слатка павлака
  • 160g чоколадо

Начин на подготовка:

  • 300g од мелените плазма бисквити, растопениот путер и млекото соединете ги со миксер.
  • Смесата ставете ја на дното на калап за торти и силно притиснете за да ја „залепите“ убаво и да не се рони.
  • Подгответе го филот така што во длабок сад ќе го ставите остатокот од мелената плазма (300g), шеќерот во прав, киселата павлака и сечканите банани.
  • Изматете ги сите состојки со миксер, па кога ќе се соединат убаво, додајте 200ml од слатката павлака.
  • Мешајте за филот да стане компактен, а потоа истурете го врз основата од бисквити.
  • На крајот подгответе го чоколадниот прелив.
  • Во тенџере на рингла загрејте го остатокот од слатката павлака во која сте го ставиле чоколадото.
  • Кога чоколадото целосно ќе се растопи, прелијте ја тортата.
  • Оставете ја во фрижидер добро да се стегне, па послужете ја.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава