Рецепт за цвет погача, мека како душа
Без оглед дали имате некој повод и сакате да извадите убава и вкусна погача на трпезата, или, пак, ќе решите да направите погача за себе и семејството, оваа погача роза е одличен избор.

Погачата роза се подготвува лесно, па не мора да бидете ни премногу умешни за месење.
Важно е да ги следите упатствата и ќе се изненадите од крајниот резултат.
Потребни состојки:
- 300ml топло млеко
- 30g свеж квасец
- 1,5 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 100ml масло
- 650-700g брашно
- 2 јајца
За премачкување:
- 1 жолчка
- малку млеко
- црн и бел сусам
Начин на подготовка:
- Во длабок сад спојте ги топлото млеко со квасецот, шеќерот, солта и маслото, па оставете ја смесата да отстои околу 10 минути.
- Едно по едно додавајте ги јајцата и убаво измешајте.
- Постепено додавајте го брашното и мешајте со миксер додека целата смеса не се формира во вид на тесто.
- Префрлете го тестото врз набрашнета работна површина и месете го убаво со раце.
- Вратете го во садот во кој го замесивте, покријте го со крпа и оставете да отстои 1 час за да се удвои.
- Вратете го на работната површина, па со сукало развлечете го во форма на правоаголник, колку што можете потенко.
- Преку него премачкајте путер.
- Исечете го тестото на ленти широки 4-5cm и секоја од нив свиткајте ја во вид на ролат.
- Секое парче ставете го во тркалезна тава за печење, која претходно сте ја намачкале со малку путер за да не се залепи погачата.
- Оставете ги „розите“ уште 10 минути да постојат и да нараснат, па премачкајте ги со смеса од жолчка и млеко. Посипете ги со сусам, па печете на 180°C околу 20-30 минути.
Видео постапка:
Би можело да ве интересира:
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза
Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Погача што се топи во уста - совршен рецепт за празничната трпеза
До дочекот на Новата година не останува уште многу време. А ако уште од сега го ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...